Свет

Папата Франциско до свештениците: Скратете ги проповедите

Папата Франциско им порача на свештениците дека нивните проповеди не треба да траат подолго од десет минути „бидејќи луѓето ќе заспијат“, пренесува Католичката новинска агенција.

Говорејќи на плоштадот Свети Петар за време на аудиенцијата во средата, папата објасни дека целта на проповедта е „да помогне да се оживее Божјото слово од книгата“.

„Но, проповедта за тоа мора да биде кратка: некаква слика, мисла, чувство. Нешто што луѓето ќе го понесат со себе. Проповедта не треба да трае подолго од десет минути, бидејќи после тоа време губите внимание и луѓето заспиваат“, рече тој.

Тој, исто така, им рекол на свештеничките да проповедаат за Исус, а не за себе. Ова не е прв пат Френсис да ја нагласи важноста на кратките проповеди. Во 2018 година, тој ги повика свештениците да „бидат кратки“ во нивните проповеди.

Архиепископот Никола Етеровиќ, тогашниот генерален секретар на Архиерејскиот синод, ова им го кажал на свештениците и порано во 2010 година, кога ги советувал беседите да траат осум минути или помалку и да не се „импровизираат“ од говорницата.

„Често проповедите се толку долги, 20 минути или половина час, што луѓето ќе ја напуштат црквата да испушат цигара и ќе се вратат“, рече вчера Папата. „Те молам“, рече тој, „немој да го правиш тоа, немој да биде подолго од 10 минути“.

На почеток