Свет

(Видео) Путин се сретна со војници без нозе, Герашченко: „Погледнете што ги прашува! Психопат целосно лишен од емпатија“

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со руски војници кои се лекуваат откако беа повредени во војната и разговараше со нив како сите заедно да се на некаков одмор, а не во болница каде што им се санирани тешките повреди и ампутираните екстремитети, коментираат светските медиуми

На видеото споделено на социјалните мрежи, Путин изгледа речиси задоволно и среќно и без никакво сочувство ги прашува војниците без нозе дали веќе се прилагодиле на новонастанатата ситуација.

„Дали се навикнавте на вашата нова состојба,“ Путин го прашува војникот како да е гребнатинка, а не губење на ногата, пишуваат тие.

Војникот спремно одговара дека се адаптирал и веќе постигнува нови победи и достигнувања.

„Некои се уште се навикнуваат на тоа, а некои штотуку добија нови протези. Некои одат со нив речиси две години“, објаснува еден од војниците.

„Тоа е многу добро. Добро е што имате амбиции“, им одговара Путин. „Отидовте во битка поради вашите амбиции, затоа што немате што да правите таму ако немате амбиции. Таму ти треба храброст и ја имаш. И покрај ваквите сериозни повреди, сепак имате амбиција“, ги пофали Путин младите со протези наместо со нозе.

„Се ќе биде добро“, им вели Путин на крајот.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го објави видеото на платформата Х.

„Путин изгледа многу задоволно и опуштено кога се среќава со Русите кои ги загубија нозете во војната. Тој е психопат целосно лишен од емпатија“, напиша Герашченко.

На почеток