Од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“
Под мое покровителство од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што денес се промовираше во големта општинска сала, велат од Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и додаваат:
Ова големо по значење дело за мали ученици е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи. “Охридската археолошка азбука“ со бројни илустрации и шаренило на околу 80-ина страници е богата со скапоцени содржини. Нашите дечиња ќе се сретнуваат со досега нечуени но битни термини и поими средени од А до Ш. Ќе разберат што е тоа Археологија, Базилика, Византија, Глаголица, Дасарети, Ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, Свонлик кратер, Имарет, Јазик старословенски, Кадмо, Лихнидос и ред други поими.
Автори на „Охридската археолошка азбука“ се факултетските професори Антонио Јакимовски, Елизабета Томевска-Илиевска, Маја Јаневска и младиот археолог, Иван Малезанов.
Во трудот има 89 археолошки поими, а 26 се однесуваат за Охрид.