Скопје

Детето карактеризирано како „насилник“ ќе следи настава онлајн, бојкотот во „Лазо Ангеловски“ заврши

Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник ќе се вратат на редовната настава. Ова следува по состанок на Центарот за социјални работи, кој беше присутен во училиштето со цел да го реши проблемот со третоодделенецот кој имал насилно поведение.

Според последните информации, се донел заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Родителите на учениците изјавија дека нивните барања да детето не биде физички присутно во училиштето се прифатени, а со тоа се постигнал и целта на бојкотот.

Родителите исто така испратија соопштение, во кое известуваат дека бојкотот е завршен и дека децата ќе се вратат во училиште од вторник, продолжувајќи со редовната настава.

Претходно, имаше контроверзи кога детето требаше да биде префрлено во основното училиште „11 Октомври“ во Центар, но родителите на учениците од тоа училиште ја бојкотираа наставата. По повлекувањето на таа одлука, детето беше враќено во „Лазо Ангеловски“, но ситуацијата продолжи да предизвикува проблеми.

Дете со насилно поведение испразни две скопски училишта: психилог го брани, родители го напаѓаат, соучениците му свртија грб

На почеток