Македонија

Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја за народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Матните тендери во РЕК Битола, каде што фирми блиски до Заев испумпуваа десетици милиони евра и 7 години го опустошуваа енергетскиот комбинат, за Филипче не е криминал.

Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој сега веќе е поништен од новото раководство во РЕК Битола, е само дел од многуте тендери каде што фирми како Јавор Транс и други, блиски до аболицираниот Заев, испумпуваа милиони.

Потрчкото на Заев, Филипче не се откажува од својот ментор, а со тоа не се откажува од поскапата цена на струјата заради која страдаше народот, ниту од криминалот во РЕК Битола.

Филипче и неговото раководство, не се откажуваат од аболицираниот Зоран Заев, туку напротив, продолжуваат со неговите политики да ја водат СДС.

На почеток