Се распушти и сириската државна армија
Сириските бунтовници во неделата објавија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на претседателот Башар ал Асад во првото соопштение на државната телевизија по молскавична офанзива што го изненади светот, а сирискиот премиер рече дека е подготвен да соработува во трансферот на власт и повика на избори.
Syria fall…..#BasharAlAssad #بشار_الأسد #syria pic.twitter.com/ynFTWrurGQ
— Ambassador (@Natureambasador) December 8, 2024
Сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск рано во неделата извикувајќи „Господ е најголем“, изјавија очевидци за ДПА.
Damascus has fallen.
Syria has fallen.
Bashar al-Assad has fallen.
These scenes show the disappearance of the Syrian army and security forces from the streets, similar to what happened previously in Iraq.#Damascus #Syria #BasharAlAssad #SyrianArmy #Iraq pic.twitter.com/HyDnhGx4h5— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) December 8, 2024
Командата на сириската државна армија ги известила припадниците на армијата дека повеќе не се во служба, дознаваат странските агенции од сириските воени кругови. Војниците ќе бидат повикани на должност доколку е потребно, велат воени извори.
Граѓанската војна во Сирија, која трае од 2011 година, се разгоре кон крајот на ноември кога бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија.