На неспособното ДПМНЕ кое излажа се што вети му преостанаа само лаги и манипулации за Филипче, вели СДСМ
„Во изминатите шест месеци, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека освен празни зборови и измислени напади, нема што друго да понуди на граѓаните“ вели СДСМ и додава:
Очигледна е нивната паника од целосно новото раководство на СДСМ, кое со Венко Филипче донесе нова енергија и јасна визија за напредок.
За ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот проблем е тоа што во СДСМ има реална промена – нешто што тие очајно се обидуваат да го негираат. Со секојдневни лаги и обвинувања без докази, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го дефокусира народот од сопствената неспособност. Но, граѓаните јасно гледаат дека оваа партија за шест месеци не испорача ништо.
Единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ испорача е разочарување. На граѓаните им е јасно – кога нема резултати, ВМРО-ДПМНЕ прибегнува кон лаги и манипулации. Време е да почнат да работат за граѓаните, а не да се занимаваат со измислени напади врз СДСМ.
Граѓаните заслужуваат одговорна власт, а не неспособна која се плаши од промени.