Наместо во затвор, се шетале: Затвореници од Скопје и Тетово затекнати во кафеана и околу неа
На 08.12.2024 во период од 00.25 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во с.Неготино. При акциската контрола, внатре во објектот полициски службеници од ПО Галате, по судска наредба го привеле А.Х.(40) од с. Неготино, кој бил баран за издржување на затворска казна, и тој е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
Потоа, во 01.20 часот во близина на угостителскиот објект бил лишен од слобода С.Т.(24) од с. Неготино, кој бил баран за мерка притвор во КПУ Затвор Скопје, согласно член 559 ст.1 од ЗКП. Тој е предаден Во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката.
Исто така во 02.00 часот во објектот била затекната и приведена Л.Н.(40) од Р. Албанија, која го злоупотребила туристички престој, односно престојувала спротивно на целта. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка.