Пристигнаа реакциите на Германија и Велика Британија за Сирија
Од
Објавено на
Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече падот на Асад „добра вест“ и повика на политичко решение за стабилизирање на Сирија, пренесува АФП.
„Башар ал Асад брутално го угнетуваше својот народ. Тој има безброј животи на неговата совест и принуди многу луѓе да побегнат, од кои многумина стигнаа до Германија“, рече Шолц, според новинската агенција.
Вицепремиерката на Обединетото Кралство Ангела Рајнер рече дека владата „ја поздравува веста“ дека режимот на Асад паднал.