Македонија

(Видео) ЕСМ и РЕК Битола беа користени од функционерите на поранешната власт како претпријатија за испумпување на милиони преку тендери, рече Петрушевски

„ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува акцијата на институциите и ги охрабрува да продолжат во спроведување на законот и овозможување на правдата“, кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„ВМРО-ДПМНЕ со години гласно зборуваше за криминалот во ЕСМ и РЕК. Двата енергетски комбинати и ЕСМ и РЕК Битола беа користени од функционерите на поранешната власт како претпријатија за испумпување на милиони преку тендери додека народот плаќаше скапа струја.

ВМРО-ДПМНЕ ја предупредуваше власта на СДС и ДУИ да не ја крадат државата, и дека одговорност за криминалот ќе има. Сите наши апели не вродија со плод, СДС и ДУИ ја ограбија државата, но затоа сега одговорност ќе има и секој ќе одговара за тоа што правел.

За да има милиони за тендери на Ковачевски, Заев и Филипче, цената на производство на струка ја качија од 33 евра за мегават час, на над 100 евра. Сето тоа го направија преку осакатување на системот, недоволна експлоатација на сопствен јаглен, скап увозен и неквалитетен јаглен, кој пак влијаеше на дефекти на постројките.

СДС системски го уништи РЕК и ЕСМ за да крадат, и одговорност за тоа мора да има“, одговори Петрушевски на новинарско прашање.

На почеток