Скопје

Се протестира пред Влада: „Партиска книшка штити од загадување?“

„Партиска книшка штити од загадување?“, со ваков транспорент се бараше чист воздух на протестот во Скопје. Тие порачаа дека се сите го дишат истиот воздух. На друг транспарент испишаа: „Молчи трпи, гуши се, се е ок!“. Тие застанаа пред Влада, повикувајќи ги сите граѓани да излезат на улица.

Screenshot

„Денес се собравме тука не само од Скопје, туку од Македонија. Да кажеме: доста е бре луѓе! Веќе преку глава е да има влада до влада, локална самоупава до самоуправа, да чекаме да направат нешто. Ние имаме доставено барања до Влада, министерство, локална самоуправа, предлози базирани на наука“, рече Горјан Јовановски.

Според нив, време е да престане миграцијата од Македонија поради нискиот квалитет на воздухот.

На почеток