Бујар Османи најави лоши периоди за Македонија, предизвикани од моноетнички состанувања
Бујар Османи од ДУИ, тврди дека доаѓаат лоши периоди за Македонија, а тоа го гледа од постапувањето на уставните судии. Тој рече дека ДУИ ќе се врати пред Уставен секогаш кога ќе има седница за Законот за јазици. Според него, се отвораат теми кои што сметале дека се затворени.
„Пораката на тројцата судии кои не отидоа, беше доволен сигнал, за да седницата прекине веднаш. Ваквите состанувања на монотетнички состави, биле најава за лоши периоди во мултиетнички држави. Во име на албанскиот народ одбиваме секаква одлука која значи продолжување на процесот за укинување на Законот за јазици“, рече Османи.
За него и ДУИ прифатливо е одбивање на сите иницијативи и затворање на прашањето.
„Закажувањето на подготвителни седници е продолжување за укинување на Законот за јазици. Пораката е дека продолжуваме со стражата на јазикот, најавуваме дека кога и да се закаже седница, народот ќе биде тука. Ова не е само кауза за албанскиот јазик, туку за заштита на мултиетничка, европска Македонија“, додаде Османи.