Груби и Беџети во рацете на Обвинителството – отворен е предмет
Обвинителството покренало предмет за ексвицепремиерот Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој најави дека во анредниот период ќе има конкретни резултати за повеќе сложени предмети.
„Предметот е доставен на постапување на надлежно обвинителство, кое ќе издаде соодветни наредби за откривање на кривични дела. Оформен е предмет“, рече Коцевски.
Според него, САД се нивни соработници и ќе има ефикасен кривичен прогон.
Вчера амбасадата на САД упати директен повик до домашните институции за утврдување на одговроност кај овие лица, оти ако тие имаат докази, тогаш има и Македонија.
„Од она што го имавме како информација е дека две лица се ставени на црната листа на САД. Лицата ги знаете кои се. Од тие информации формирав предмет, сочинив службена белешка од наводите кои ми беа познати и кои ги дознав, воглавно од медиумите и јавноста. По предметот ќе постапува надлежно јавно обвинителство. Кој е давател, кој е примател на поткупот, дали има тргување со влијание – ќе се истражи. Предметот е заведен, тоа го сторив минатиот ден“, рече Ковацевски.