Македонија

Се трага по ексдиректорот на ЕСМ, Ковачевски – има македонско државјанство

Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски има македонско државјанство, и е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој кажа дека не може да посочи каде се наоѓа во моментов. За случајот „Адитив“ посочува дека има значителна штета врз македонскиот буџет.

„Посоченото лице е во рамките на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Согласно информациите што ги поседувам, не побарало отпуст. Не би сакал да шпекулирам каде тој се наоѓа и би оставил органите на прогонот да постапуваат. Ова се луѓе на кои им биле доверени високи државни функции од една страна, а од друга страна се луѓе што преку ноќ формирале фирми без вработени. Претходно се занимавале со продажба на канцелариски материјали, а наеднаш стануваат фирми што тргуваат со ваков тип на адитиви и заработуваат милионски суми на пари. Има и голем број на докази дека она што е плаќано е најмалку трипати повеќе од реалната цена. Она што е набавено во ТЕЦ ‘Осломеј‘ ниеден отсто не е потрошено, односно нула отсто од адитивите се ставени во функција. А во другото правно лице, како во РЕК Битола, 95 отсто од адитивиете не се ставени во употреба“, рече Тошковски.

Тошковски изрази голема благодарност до полициските службеници кои работеле на овој случај.

На почеток