Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка кадешто било -4 степени, -1 било во Берово и Маврови Анови, 0 во Крушево и Лазарополе, 1 во Прилеп и Струмица, 2 во Битола, Демир Капија, Штип и Кавадарци, 3 во Охрид и Претор, 4 во Гевгелија, Дебар, Крива Паланка, Виница, Велес и Куманово, 5 во Скопје-Петровец и Тетово, 6 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 42 сантиметри на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови и 6 во Крушево.

Времето во текот на ноќта и изутринава

Умерено до значително облачно со слаб локален дожд. По одделни котлини има појава на магла, особено во Пелагонија. Наместа дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска

Претпладне по одделни котлини, особено во Пелагонија ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

На почеток