Свет

Маж помина 20 години во затвор за убиство во САД: Сега е пронајден вистинскиот убиец

Еден жител од Џорџија е обвинет за убиство на брачен пар во афро-американска црква во 1985 година. Ерик Кристенсен Спар е обвинет за убиството на Харолд и Телма Свејн, пишува Sky News.

Спар (61) беше уапсен речиси четири децении откако парот беше убиен во баптистичката црква Rising Daughter во округот Камден. Спар беше уапсен откако новата истрага на локалната полиција покажа дека човекот претходно осуден за убиство на парот е невин.

Локалните власти соопштија дека Спар е уапсен во Вејнсвил, каде што живее, и дека е задржан во затворот во округот Камден. Во првичната истрага полицијата го испрашувала Спар како осомничен, а тој цело време го негирал убиството.

Денис Пери беше осуден на доживотен затвор откако поротата го прогласи за виновен за убиство на парот во 2003 година. Тој помина две децении во затвор пред судијата на Високиот суд да нареди повторно судење во 2020 година. Во 2021 година, судијата ги отфрли сите обвиненија против Пери.

„Помина долго време, но никогаш не се откажав“, изјави Пери по ослободувањето. „Ова обвинение надвисна над мене повеќе од 20 години и е огромно олеснување што конечно не морам да се грижам дека ќе бидам обвинет за ова страшно злосторство“, додаде тој.

Инспекторите и судовите повторно го отворија случајот откако адвокатите од Проектот за невиност во Џорџија ја тестираа ДНК пронајдена на влакната во чашите оставени до телата на жртвите. Резултатите покажаа дека ДНК се совпаѓа со Спар.

На почеток