Свет

„ABC News“ мора да му плати на Трамп 15 милиони долари за изјави на водител

ABC News се согласи да плати 15 милиони долари на идниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за да стави крај на случајот за клевета.

Тужбата дојде откако водителот Џорџ Стефанопулос лажно тврдеше дека Трамп е „одговорен за силување“. Покрај паричниот надоместок, мрежата ќе издаде официјално извинување и ќе покрие 1 милион долари правни трошоци, пишува Би-Би-Си.

Како дел од спогодбата, ABC News ќе додаде уредничка белешка на својата приказна од 10 март 2024 година во која ќе изрази жалење за изјавите на водителот. Портпаролот на „ABC News“ изјави дека компанијата е задоволна што е постигнат договор за повлекување на тужбата.

Спогодбата доаѓа во контекст на повеќе тужби поднесени од Трамп против различни медиуми, вклучително и CBS и BBC. Претходно беа одбиени неговите тужби против Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

Трамп, исто така, ја тужеше Си-Би-Ес, американскиот партнер на Би-Би-Си, за време на интервјуто со потпретседателката Камала Харис.

Во 2023 година, судијата ја отфрли тужбата на Трамп за клевета против CNN, за која тој тврдеше дека мрежата го споредува со Адолф Хитлер.

Слични тужби на Трамп против Њујорк Тајмс и Вашингтон пост беа исто така отфрлени.

На почеток