Свет

Русија го приведе осомничениот за бруталната ликвидација на генералот Кирилов, открија кој е: „Му нуделе 100.000 долари“

Русија го приведе осомничениот за убиството на генералот Игор Кирилов, што се случи вчера во Москва, пренесува Sky news.

Тој е државјанин на Узбекистан кој рече дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби (СБУ).

Рускиот истражен комитет објави дека на осомничениот за убиството на Кирилов „му биле понудени 100.000 долари за да го изврши тој атентат“.

Конкретно, претставничката на комитетот, Светлана Петренко, утрово изјави дека Украина на маж од Узбекистан му понудила награда од 100.000 американски долари и живот во една од европските земји.

Да потсетиме, Кирилов беше убиен вчераутро во Москва откако активирана направа била скриена во скутер кој бил паркиран до влезот на станбена зграда. Неколку извори на SBU тврдат дека тие се одговорни за нападот што се случи недалеку од Кремљ. Рускиот истражен комитет соопшти дека во тек е идентификација на уште едно лице вмешано во организацијата на атентатот.

На социјалните мрежи се појави и видео кое го покажува точниот момент на удар. На видеото се гледа голема експлозија, снег кој паѓа од автомобилите во близина, а во исто време им се вклучува и безбедносниот аларм.

На почеток