Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите свои ветувања, се случува сериозно уназадување
Во изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот на владеењето на правото, безбедноста да се води единствено согласно партиските интереси, посочи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.
Се случуваат голем број политики и процеси кои значат уназадување, истакна Каранфилова Пановска, додавајќи дека во собранието со предлог законот за јавни набавки се укинува контролата, тука е и сетот измени на закони за образованието, со кои се нарушува инклузивноста на образовниот процес, се спречува можноста од дискриманција, се ограничува начинот на средношколско здружување.
-И трета работа, која поминува незабележана, а е многу потресителна, е што во изминатите 6 месеци имаме 20 смртни случаи на бебиња и деца. Кога последен пат сте слушнале за вакви цифри?, нагласи Каранфилова Пановска.
Таа нагласи дека од клучно значење за едно демократско општество е почитување на поделбата на власта критикувајќи ги недемократските тенденции на премиерот.
-Не може да се случува премиерот Мицкоски од собраниска говорница да се заканува на граѓаните, па да преземе улога и на јавен обвинител, улога на судија, улога на министер за внатрешни работи, рече Каранфилова Пановска во Само интервју на Канал 5 Телевизија.