Филипче и Фани се левиот и десниот џеб на Заев, блиски соработници и слуги, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Трансферот на Фани Каранфиловска од Фондацијата Отворено општество во СДС е доказ дека тоа е едно исто, и тоа се едни исти луѓе блиски соработници на Заев уште од времето на Шарената револуција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
Фани Каранфиловска не е и не може да биде ново лице и да донесе нова енергија во СДС затоа што таа работеше да го донесе Заев на власт кој пак ја уназади, осиромаши и уништи Македонија.
Филипче и Фани се продолжена рака на Зоран Заев и верни партнери уште од времето на Шарената револуција.
Филипче и Фани се доказ дека со партијата СДС раководи Заев, за тоа знаат и се свесни и членовите на СДС.
Луѓето на Филипче и Фани Каранфиловска се истите луѓе на Заев кои се синоним за криминал, корупција и уназадување на Македонија.
Каранфиловска Пановска не го осуди бегството и не го повика Груби да се врати и да се соочи со правдата.
Каранфиловска Пановска кога ја повикува судската власт да суди по закон и Устав, треба да знае дека на обвинителите бирани во Струмица и Зајас им се влошуваше здравјето кога требаше да гонат криминал, дека 6 месеци ЈО ја опструира правдата, обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин да ескивираат а Љупчо Коцевски 6 месеци не отвори ниту еден случај.
Каранфиловска Пановска наместо да манипулира со јавноста да се посвети на консолидација на СДС.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одговара на сите безбедносни ризици и најави бескрупулозна борба со криминалот и корупцијата.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ демонстрира одговорност, посветеност и работа.