Некатегоризирани

Единствено освежување денес во воздухот во Македонија е фактот што СДС од опозиција отвори очи и виде дека не сработеле ништо за животната средина, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС вети, дека ќе обезбеди чист воздух во македонските градови. Имаа апсолутна власт, претседател, влада и градоначалници и успеаа да не сработат ништо за животната средина и почистиот воздух.

Последиците од нивната неработа, ги гледаме денес. СДС донесе некаква листа на желби, наречена план, но заборави да сработи нешто и планот остана нереализиран.

И додека, по медиуми зборуваа за колку сакаат чист воздух, СДС не заборавија на првата седница на нивната влада, да ги намалат давачките за петрол кокс, па фирмите на Заеви, да можат да остваруваат екстра профит, на штета на загадениот воздух и здравјето на луѓето. СДС го направи горивото за Заеви поевтино, за сметка на тоа, сега Струмица е најзагаден град во Македонија? Дали вредеше да му го зголемиме профитот на Заев, за сметка на здравјето на струмичани?

Во 8 години власт, СДС не сакаше да го донесе Законот за индустриски емисии. Зборуваа за разни бајки, ни објаснуваа што се не знаат или што се не можат, но прст не мрднаа во насока на контрола на загадувачите. Тоа не е само забелешка во сите ЕУ извештаи, тоа е обврска кон нашите деца.

Зарем треба да се потсетиме дека СДС направи се што беше во нивни раце да го распарчи и уништи системот за централно греење во Скопје.

После 8 години власт на СДС, испораката на природен гас низ Македонија, не мрдна ни милиметар. Природен гас не донесоа низ цевка ни во Велес, ни во Тетово, ни во Прилеп, ни во Битола, ни во Неготино…

Преку Фондот за иновации СДС испра милионски суми, кои требаше да придонесат за почист воздух. Дали некој во СДС, следи што придонеле средствата кои ги даваа на свои блиски од Фондот за иновации поврзани со повикот за почист воздух? Колку е почист воздухот заради тие милиони евра?

Зборуваа за зелени површини, а го укинаа проектот Засади ја својата иднина со кој се засадија милиони дрвца. Го запуштија системот за брза реакција на пожари, ги покрадоа Македонски шуми.

Програмата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за справување со проблемот на загадениот воздух се преточува во акција. Дефинирани се мерки и акции, дефинирани се надлежни институции и рокови.

Загадениот воздух не е проблем што може да се реши за едно попладне, еден месец или една сезона. Загадениот воздух не е проблем што може да го реши еден човек или една институција. Оваа Влада посветено работи да го заврши својот дел од работата.

Борбата со загадениот воздух бара вклучување на сите чинители, државните институции, индустријата и граѓаните. Планската програма за почист воздух се вградува во планот за работа на секој државна институција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја започна борбата со овој горлив проблем кој што го наследивме од СДС и кој ги убива нашите најблиски.

Ги повикуваме сите чинители, да го дадат својот придонес за почист воздух.

Секој од својот двор, од својот ауспух, од својот оџак да започне со грижата за сопственото здравје и здравјето на своите комшии. Заедно низ тешка и посветена работа ќе стигнеме до почист воздух, позелена Македонија и здрави деца.

Граѓаните на Македонија не ги зачувува фактот дека вест на денот за СДС е што во опозиција видоа дека како власт не работеле ништо корисно.

Соопштение од Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ

На почеток