Двајца повредени во несреќа на раскрсницата кај ТЦ Мавровка
Од
Објавено на
Денеска (21.12.2024) околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(41) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(31) од Р.Србија, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.