Македонија

Тројца повредени во несреќа во Кавадарци: едно лице е со скршеници

ФОТО Илустрација

На 20.12.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Кавадарци, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“ и ул.„Гоце Делчев“ во Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.А.(54), и патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.И.(44), двајцата од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.И., додека со телесни повреди се здобиле З.А. и неговиот сопатник Т.Г.(36) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На почеток