Македонија

После 12 години од „црниот понеделник“ на 24 декември, се најавува враќање на режимските методи, вели СДСМ

„24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието“, вели СДСМ и додава:

Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата.

Новинарите беа исфрлени за да се сокрие вистината од народот, да не известуваат од тепањето пратеници.

Тогаш, целата јавност ја виде суровоста на еден еден насилнички режим, а токму настаните од тој црн понеделник и неказнивоста на одговорните доведе до уште поцрн датум, до 27 април 2017 година кога режимот тргна да убива пратеници и вработени во Собранието.

Прашањето е како се чуствуваат денеска исфрлените пратеници од Собранието кои се дел од ЗНАМ и во коалиција со истите тие што ги исфрлија? Дали политичкото лицемерие или лукративните причини за власт по секоја цена вредат толку за да се изневерат вредностите, сопартијците, слободата, демократијата?

24 декември е потсетник дека никогаш да смее да се заборават режимските методи на ДПМНЕ.

Но после 12 години актуелната власт на ДПМНЕ со своите режимски практики најавува враќање на тие режимски методи.

Тенденциите на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, се инсталираат судии и обивнители, режимот дефинитивно се враќа.

СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се спротивставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата.

На почеток