Заминувањето од „Сител“ кој стана токсична атмосфера е половина од мојата најдобра одлука, вели Талевска
Долгогодишната уреничка на Сител, Ивона Талевска, во новогодишно интервју за „Женски магазин“ открива детали за одлуката да се повлече од телевизијата.
„Сметам дека заминувањето од Сител, кој стана токсична атмосфера за моите ментални вредности и стандарди, е половина од мојата најдобра професионална одлука, а втората половина е заминувањето во Алфа ТВ, пред сѐ заради позитивната и креативна атмосфера, која таму ја гледам“, вели Талевска.
Таа додава: Пред 8 години, не по своја волја, добив усмено барање да не се појавувам на вести, без образложение, но по дополнително сознание дека раководството на Сител преговара со тогашната власт на СДСМ и ДУИ да издејствува поволен статус во истрагите на СЈО (Специјалното Јавно Обвинителство) и јас бев еден од влоговите во нивните калкулации.