Скопје

Изиграните уметници да покренат постапка кон Комората, изнесените тврдења се неточни, велат од град Скопје

Изнесените тврдења во изминатите денови од Комората на музичка индустрија се целосно неточни. Градот Скопје нема договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја превземала Комората на музичка индустрија која учествувала на јавен повик на кој истакнала дека ќе организира настан финансиран од повеќе извори. За јавниот повик во град Скопје на кој Комората учествувала, претставникот на истата не пристапил да склучи договор ниту доставил документација за реализација на настан во согласност со условите на јавниот повик, реагира град Скопје.

„За овие постапки на Комората на музичка индустрија, градот Скопје нема вина, напротив за одговорното лице во Комората подготвува тужба за утврдување на одговорност и за проверка на начинот на финансирање на активности преку надлежните институции со цел превенција на идни злоупотреби.

Ги упатуваме сите уметници и останати лица кои се изиграни од страна на претставникот на Комората како организатор со кој имаат склучено договор, да покренат кон Комората постапки за наплата согласно меѓу нив утврдените услови и апелираме да не се потпаѓа под политички или било какви други манипулации во обид на претставникот на Комората со изнесување невистини да избегне одговорност за овој случај“, се наведува во соопштението на град Скопје.

Музичките уметници кои лани за Нова Година ги забавуваа скопјани на Плоштад Македонија, останаа без хонорарите кои Град Скопје им ги ветил, објави претходно Сител. Иако според договорот, истите требало да им се исплатат во рок од три месеци, пејачите за Сител тврдат дека веќе цела година ги чекаат финансиите.

На почеток