Свет

Зеленски: Руското зло нема да ја скрши Украина и нема да го расипе Божиќ

По рускиот напад врз Украина утрово, преку социјалните мрежи се огласи претседателот Володимир Зеленски.

„Секој голем руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука. Тоа е намерен избор – не само на цели, туку и на време и датум.

Денеска Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понехумано? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и повеќе од сто борбени беспилотни летала. Целите се нашата енергетска инфраструктура. Тие се уште се борат за прекин на струја во Украина.

Според прелиминарните извештаи, нашите бранители успеале да соборат повеќе од 50 проектили и значителен број беспилотни летала. За жал, имаше и погодоци. Во неколку региони во моментов има прекин на струја. Инженерите работат на тоа што поскоро да ја вратат електричната енергија.

Им благодарам на сите кои работат за државата, кои се на борбена должност, кои го штитат нашето небо. Ќе го вратиме максимумот. Руското зло нема да ја скрши Украина и нема да го расипе Божиќ“, рече Зеленски.

На почеток