Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Жално е да се гледа како Филипче прави кловн од себе. Партизацијата на АНБ ја направија тие, а Судскиот совет беше Зајас Муртински совет. Судскиот совет беше племенски совет меѓу Муртино и Зајас“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.
„СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за судството, која трагедија.
СДС се партија која на чело на Судски совет ја имаа Весна Дамева од СДС ( фотографија во прилог ).
СДС и Филипче го имаа и Иџет Мемети како заменик претседател на Советот на јавни обвинители, митаџија исто како Наќе Георгиев.
Кога станува збор за АНБ, во време на СДС ја водеше нивен член на ИО и претседател на партиски комисии Виктор Димовски.
Немаше институција која не беше партизирана и пополнета со неспособни кадри.
Болката кај СДС и Филипче е тоа што веќе тие не поставуваат, и што нема да има кој да им ги штити криминалците.
Филипче наместо да чита пресови нарачани од Зајас и Муртино, за спас на криминалци политичари подобро ќе беше да го трошеше времето на конструктивност и дистанцирање од криминалците“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.