(Видео) Во авионската несреќа во Казахстан 29 лица преживеаја, 38 загинаа
Падот на авионот во казахстанскиот град Актау го преживеале вкупно 29 лица од кои 14 се државјани на Азербејџан, а 38 лица загинаа.
Од преживеаните, 11 лица се хоспитализирани и се на интензивна нега.
Според официјални информации на Еуроњуз преживеаните патници, додека се приближувале до рускиот град Грозни, дестинацијата на летот, слушнале експлозија проследена со нешто што, како се наведува, личело на шрапнел што го удрил авионот и го оштетил трупот на леталото.
Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев нареди да се формира комисија која ќе го испита падот на патничкиот авион.
Од друга страна, лидерот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека се уште не се познати причините за несреќата и дека постојат неколку различни верзии.
One of the passengers on Azerbaijan Airlines Flight 8243 sent a video to his wife just minutes before the crash.
In the video, passengers are heard praying and some oxygen masks are already down. pic.twitter.com/dGqnyXSPGU
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
Еден од преживеаните патници објавил видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како спасувачите пристапуваат до леталото и вршат тријажа на местото на настанот.