Израелските напади врз Јемен се алармантни, велат од ОН
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз меѓународниот аеродром во Сана во Јемен, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни.
Израел потврди дека вчера погодил неколку цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Сана. Медиумите блиски до Хутите наведуваат дека загинале најмалку шест лица.
„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.