Скопје

„Повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи“: В сабота протест за чист воздух

В сабота почнува протестнинот марш „За чист воздух“ кој од Министерство за животна средина ќе продолжи преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје.

Зад протестот стојат „Шанса за Центар“ заедно со повеќе граѓански организации. Од таму велат дека надлежните се уште не одговориле на барањата за чист воздух, по протестот што се одржа на 10 декември.

„Протестираме бидејќи секоја година повеќе од 3.800 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух“, се вели во повикот.

Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето, се додава во повикот.

Протестот е поддржан и од „Зелен хуман град“, „Skopje Smog Alarm“, „Независни за Карпош“, „O2 Иницијатива“, „Зелените Од Гази Баба“, „Иницијатива за ослободување од еднократна пластика“, „НаТочак“, „Биди Зелен“ и „Слобода на Говорот“.

На почеток