Скопје

Прегазена скопјанка, со тешки повреди пренесена во градската болница

Влера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Б.Н. од Кавадарци, удрило во пешакот, 56-годишната И.М. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток