(Фото) Од станицата во Ѓорче Петров координирана акцијата за луксузните автомобили
Македонската полиција работи и во недела.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека утрово ги посетил полициските службеници во ЕВР Ѓорче Петров, каде одблиску се запознал со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.
„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации.
Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава“, додаде Тошковски.