Македонија

Костадинов: Нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, во објава Фејсбук се заложи дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.

„Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ, како Бугарија и Македонија, да се обединат и да станат една држава“, напиша Костадинов.

За ваквиот став тој е инспириран од последната изјава на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за припојување на Канада кон САД, трансформирајќи ја во 51 сојузна американска држава.

Костадинов не застанува тука. Тој смета дека Бугарија мора да ги потврди своите претензии и кон јужните делови на регионот Бесарабија – историска област во Источна Европа, чии две третини се наоѓаат во рамки на денешна Молдавија и мал дел на украинска територија.

На почеток