Македонија

„Вреди“ за Костадинов: Тој е маргинален проруски политичар во Бугарија

И „Вреди“ ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој напиша дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.

,,Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од ВРЕДИ.

За нив Костадинов е маргинален проруски политичар од Бугарија.

,,Коалицијата Вреди во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

На почеток