Скопје

(Видео) За претепаното куче кое угина кај Момин поток има две кривични – сега се обезбедуваат доказите

Три лица се пријавени од Министерството за внатрешни работи, а пријава има и од адвокатска канцеларија за претепувањето на кучето кај „Момин поток“. Јавноста е згрозена од случајот, се бара одговорност за сторителите, додека истовремено, Обвинителството тврди дека се работи на прибирање на докази.

„Надлежниот јавен обвинител постапуваше по пријава поднесена од адвокатска канцеларија, а тукушто е примена пријава и од Министерството за внатрешни работи во врска со истиот настан. Двете пријави се споени и веќе се преземаат дејствија за обезбедување на целокупната документација и друг доказен материјал, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството.

МВР извести дека за сторители пријавиле три лица и тоа Љ.К.(61), Б.Б.(64) и З.Д.(74), сите од Скопје.

Текот на постапката тек следува.

На почеток