Македонија

Тошковски до Елмази: Не се апсат Албанци туку криминалци

Европскиот фронт го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември.
Како што рече пратеникот Елми Езири, Тошковски не ги исполнува своите обврски.

,,МВР за помалку од седум месеци се претвори во МВР-ВМРО, земјава се претвори во полициска држава која им се заканува на граѓаните, ги заплашува конкретно Албанците да не креваат глас”, рече Езири.

Тошковски одговори дека интерпелацијата е обид за манипулација и дефокус на македонската јавност.

,, Не се апсат Албанци, Македонци, Турци, Власи, туку се апсат криминалци и ќе се апсат. Сите кои душмански го краделе народот ќе се апсат, но не со циркузи како во ваше време, туку културно”, рече Тошковски.

На почеток