Изет Меџити останува вицепремиер
Од
Објавено на
Со три гласа „за“ и 64 „против“ не помина интерпелацијата за вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.
За да биде прифатена интерпелација во Собранието, „за“ треба да гласаат најмалку 61 пратеник.
Интерпелацијата ја поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ. СДСМ и Левица како што најавија не дадоа поддршка на интерпелацијата.
СДСМ изјави дека нема да ги поддржи интерпелациите, бидејќи, посочија, нема потреба од нови поделби по етничка основа.