Некатегоризирани

Дојде 2025, а сѐ уште на Партизанска коли возат по пешачки и велосипедски патеки, велат од „На точак“

Иницијативата „На Точак“ смета дека Град Скопје кој го предводи градоначалничката Данела Арсовска не се грижи за велосипедистите и пешаците, па споделија фотографија од снегот на потегот од Карпош 4 кон Влае, пред мостот „Влајко“.

„Ај што Град Скопје не се грижи за велосипедистите и пешаците, ама барем да ги исчистеа нашите патеки за кутрите возачи на коли кои одбираат непрописно да возат и паркираат на нив. Дојде 2025, а сѐ уште на Партизанска коли возат по пешачки и велосипедски патеки“, велат од иницијативата.

На почеток