Македонија

Кои патни правци се исчитени од снег, а кои не – детали од Центарот за управување со кризи

Центарот за управување со кризи ја соопшти последната состојба со патиштата низ Македонија.

„Контакт со Општина Старо Нагоричане нѐ извести дека во текот на денешниот ден ќе интервенираат на расчистување на локалните патни правци низ Општината, исто така не извести дека сите патни правци се проодни во Општината.
Општина Куманово -од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Куманово сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се исчистени и проодни. Се чистат со приоритет патните правци низ градот и населбите, а во текот на утрешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата.

Општина Липково од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Липково сме известени дека од нивна страна патните правци во нивна надлежност се исчитени и проодни.

ЈП МП секција Страцин дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП МП истите се опесочени и чистени и се продни.( нема одрони).

ЈП МП секција Крива Паланка дежурниот не извести дека државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат истите се опесочени и чистени и се продни ( нема одрони). Магистралните патен правец Крива Паланка граничен премин Деве Баир е целосно расчистен и прооден за сите моторни возила.

Во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат регионалните патни правци Крива паланка-Огут и регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман.
Локалните патишта во Општина Ранковце се проодни во зимски услови.

Од лице одговорно за зимско одржување на локални патни правци низ Општина Крива Паланка сме известени дека од нивна страна патните правци се исчитени и проодни. Во текот на денешниот ден ќе се чистат и патните правци кон селата Нерав и Калин Камен.
Локален земјен пат до с.Дренак е непрооден.
Локален земјен пат до с. Б,с е непрооден.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека денеска на 12.01..2025 година во северозападниот регион по обилните врнежи од снег кои го зафати северозападниот регион до 16:00 часот, сообраќајот на магистралните и регионални патни правци се одвива отежнато со многу слаб интензитет во зимски услови со остатоци од снег по коловозите по интервенцијата на службите на ЈП МП и на службите за регионално одржување на патните правци. Висината на снежната покривка е од околу дваесет сантиметри во пониските места, додека на повисоките места е поголема и од 50 сантиметри. Од 08:05 часот е воведена забрана за движење на ТТВ на патниот правец Тетово- Попова Шапка, додека за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема. Исто така е воведена забрана за движење на ТТВ од 00:43 часот на патните правци Гостивар-Стража-Кичево, како и Гостивар-крак Маврово- Дебар. Од службите за локално одржување во градските улици се излезени на терен и се чистат главните улици , додека споредните ќе се чистат по однапред утврден план со приоритет за пристап до болници и други места од јавен интерес. Во Тетово и Гостивар се уште не се исчистени тротоарите кои представуваат проблем за движење на пешачите кои се движат по коловозите иако е законска обврска сите да чистат пред влезовите и тротоарите каде имаат објекти. Исто така проблем представуваат и паркираните возила од кои неможат да пристапат и машините за чистење на снегот. Во селата се врши чистење на главните улици од страна на ЕЛС кои се надлежни за зимско одржување.

По примена пријава за непрооден пат од село Зубовце до село Ново Село од општина Врапчиште стапено е во контакт со ПС Галате од каде известија дека од ЕЛС Врапчиште е пристапено за чистење со два багери од општината и дека се чисти постапно од село Ѓурѓевиште и дека ќе бидат очистени и другите села во општината.

По извршениот разговор со ПС Маврово звестени сме дека екипи на Македонија пат се постојано на терен и вршат чистење на патниот правец од Маврово за Гостивар но дека има остатоци од снег на патот затоа што имаше интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за движење за ТТВ на овој патен правец , а од ЈП МП известија дека е поминат кружниот тек околу Мавровското езеро. Засега нема пријава од селата од Мавровскиот регион. Висината на снегот е над 50 сантиметри. Од ПС Ростуше сме известени дека засега нема пријава од селата од реканскиот регион, а не е очистен патот до село Врбјане каде што има помал број на жители но и овој патен правец ќе се чисти од страна на фирмите кои го имаат тендерот од општината за зимско одржување.

Од ПС Попова Шапка сме известени дека патот од Тетово за Попова Шапка е тешко прооден за што има и забрана за движење за ТТВ а за останатите возила е задолжителна зимска опрема така да на излезот од Тетово за Попова Шапка има и полициска патрола која врши регулирање на сообраќајот а на оние возила кои не ги исполнуваат условите не им се дозволува движење по овој патен правец. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е над 50 сантиметри, екипите на Македонија пат вршат чистење и посолување на патот на кој има остатоци од снег. Засега нема пријава за отсечени планински села на Шар Планина.

Од ПС Теарце известија дека после 13:00 часот е отпочнато со чистење од страна на ЈП МП на регионалниот пат Тетово-Јажинце, додека засега нема пријава за непроодни локални патни правци.

Од ЕЛС Брвеница градоначалникот извести дека сите села во општината се проодни, како и патот за село Гургурница кое се наоѓа на поголема надморска висина со многу кривини и тој е очистен и прооден. Нема пријава за други проблеми.

Од ПС Групчин сме известени дека од ЕЛС Желино е започнато чистење на локално ниво како и по приоритет во повисоките планински села , засега нема пријава за отсечени села , висината на снегот е од околу 15 сантиметри.

Истовремено, се потсетува дека, ако се планираат патувањата заради временските метеоролошки прилики и според дестинацијата е пожелно да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаим,“ велат од ЦУК.

На почеток