Магазин

(Видео) Велија Рамковски: Додека можам вака да одам, до тогаш ми се живее – не сакам повеќе!

Велија Рамковски важи за една од најмаркантните појави во поновата историја, македонски стопанственик и политичар. Иако е на 78 години покажа дека е во топ форма.

„Седум километри е патеката, секој ден, додека можам вака да одам, до тогаш ми се живее. Не сакам повеќе. Само вака го сакам животот, одејќи и борејќи се за животот“, рече Рамковски.

Јавноста најмногу го препознава како газда на поранешната А1 телевија и весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“. Тој помина долги години во затвор, поради тоа што сторил кривично дело перење пари, а обвинуваше дека тоа е резултат на политички прогон поради критиките кон тогашниот премиер Никола Груевски.

На почеток