Македонија

(Видео) Апасиев сликан со новиот џип, адвокатот Митровски му замери за паркирањето: ја купил за 16.500 евра, 15 дена откако кажа дека оди со точак

Адвокатот Јанаки Митровски на социјалните мрежи објави фотографии од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со неговото ново возило „Пежо 3008“. Му порача дека му е топ џипот, па му замери зошто паркира непрописно, без да плати паркинг. Според анкетниот лист, Апасиев го купил автомобилот пред шест месеци.

„Димитар Апасиев честитки, топ ти е џипчево, со здравје да си го возиш. Ова искрено го мислам бидејќи за разлика од тебе јас се радувам кога некој напредува, има, му иде, не барам да го запалат на клада за тоа. Само да те замолам од 3000 евра месечни примања да одвоиш 40 денари и да се паркираш прописно за да не не блокираш вака во маало. И следен пат качи се на кафе, не биди странец, уште сум на истото место кај што доаѓаше да ти пишувам кривични, пошто најјак правник нали“, напиша Митровски.

Според анкетниот лист кој го поднел Апасиев, „Пежото 3008“ го купил за 16.500 евра.

Апасиев до овој момент не се огласи за новиот автомобил. Претходно, тој често зборуваше за неговата „Алфа“, за која велеше дека е стара и се расипува. Во јавноста, исто така напоменуваше дека се движи со велосипед. 15 дена пред да го купи новото возило, тој беше гостин во поткастот „Претрес со Ландов“, каде што, зборуваше дека „Алфата рикна“, но и дека купува ново возило.

„Јас со точак, да идам. ‘Алфата’ готова е више рикна. Дали ќе ја продавам? На лицитација да ја дадам, за 5.000 евра може ќе отиде. Ама не знам, на жена ми е, она што ќе каже“, рече Апасиев во поткастот.

На почеток