Македонија

(Видео) Скандалозен говор: Додик го фалеше путин и ги критикуваше ЕУ и НАТО, Мицкоски се огради

Милорад Додик од свечената Светосавска академија  испрати анти ЕУ и анти НАТО пораки. Говорот предизвика реакции во македонската јавност и беше наречен „скандалозен“.

„Да живее Македонија, да живее Србија, да живее Република Српска и да живее братска Русија.Путин и раководството направија се за да ги одбранат руските национални и државни интереси во вистински момент“, порача Милорад Додик.

На сево ова, од првите редови сведочеа премиерот Христијан Мицкоски, повеќе функционери, како и лидерот на опозицијата Венко Филипче. Ден потоа, Мицкоски го критикуваше Додик.

„Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти-ЕУ, анти-НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се согласувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање на такви пораки. Сепак, тоа беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип на политички пораки“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

На почеток