Македонија

Кој ќе го советува Мицкски: познати имињата на дел од „дрим-тимот“

Познати луѓето кои се дел советничкиот тим на премиерот Христијан Мицкоски. Вкупно 17 советници, од кои две жени, ќе советуваат за надомест од 60.000 до 90.000 денари.

Поранешниот спикер Трајко Вељаноски од судница влезе во Влада.

На Трајко Велјановски, судот минатата недела му го одобри барањето за аменстија за случајот „Организатори за настаните на 27 април”, со што заврши процесот против него за „Организаторите за 27 април“. Тој ќе дава совети за правосуден систем и парламентарни работи.

Двајцата луѓе од доверба, Владимир Пешевски и Зоран Ставревски ќе бидат економски советници. Пешевски, поради измените на Кривичниот законик куртули во предметот „Траекторија“. Советник ќе биде и Ставревски кој не беше под обвинение но го слушавме во многу бомби на Заев. Позната е неговата реченица за трошењата во буџетот: „Ние немаме за леб, а трошиме за чоколадо”. Екс министерот за финансии беше во салата и даваше наредби да се исфрлат пратеници и новинари кога се носеше буџетот на Црниот понеделник.

Татко на актуелен министер, поранешниот безбедњак, Љупчо Андоновски и неговиот колега и последен директор на УБК како наследници на Сашо Мијалков, Горан Николовски-Џони, ќе го бидат советници за безбедносни прашања.

Владата уверува за квалитетот на советниците на премиерот.

„Овие експерти ќе донесат вредни сознанија за развојот на политиките, економските стратегии и меѓународните односи. Со нивното долгогодишно искуство и во јавниот и во приватниот сектор, надворешните советници ќе ја поддржат Владата во донесувањето информирани одлуки кои се усогласени со најдобрите практики и националните приоритети. Активностите на Владата се водени од анализа и непристрасни совети, зајакнување на транспарентноста и стратешкото лидерство!“, соопшти Владата.

Мицкоски ќе го советува и еден Германец.

„Јоханес Хајдекер, надворешен советник, интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ“, велат од Владата.

Совети на Мицкоски ќе му дава и поранешниот амбасадор Сашо Марковски и експратеникот Александар Спасеновски, чие име се вртеше како можен претседателски кандидат.

На списокот советници се и професорот Јован Пејковски, Снежана Трпевска, Мимоза Рајл, Лазар Јовевски, професорот по римско право Гоце Наумовски инаку брат на Васко Наумовски, поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор на Македонија во САД.

Шенер Биљаљи ќе го советува премиерот за односите помеѓу заедниците.

На почеток