На 18.03.2019 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаи Гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева.
На 19.03.2019 во 08.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.