Скопје

Дојави за бомби во скопски училишта

Дојави за бомби имало во неколку скопски училишта, јавуваат загрижени родители на ученици до „Скопје1“.

Според првичните информации, евакуација имало во основното училиште „Петар Здравковски“ во Бутел. Исто така, децата биле евакуирани од ОУ Киро Глигоров, од каде неофицијално учениците биле вратени дома. Дојава, имало и во средното училиште „Јосип Броз Тито“. Дојави имало во околу шест училишта, јавуваат извори од МВР за „Скопје1“

Засега овие информации не успеавме да ги потврдиме од официјалните органи. Детали побаравме од МВР, од каде очекуваме одговор.

На почеток