Македонија

Дефанзивен пристап на Владата кон маркетите по вторите мерки, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дефанзивни мерки ако производителите, дистрибутерите и ланците на маркетите не почнат со почитување на граѓаните и договореното со Владата. Тој рече дека сака со разговор да се дојде до решение, но работите ескалираме оти довербата помеѓу трговците и Владата ја немало.

„Тоа е процес и процедура која е тековна. Имаме некои индиции, очекувам во вторик реферирање. Мислам дека Државниот пазарен инспекторат ќе излезат во јавност со некои параметри. Ако не се почитува тоа од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и ланци, тогаш како Влада ќе треба да преземеме дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно“.

Тој додаде дека не се само маркетите се предмет на анализа туку и аптеките, продавниците со бела техника.

„Не може производите во соседни земји да бидат 2-3 пати поевтини од кај нас“, додаде Мицкоски.

Според него, уште во вторник можно е да се донесат мерки од страна на Владата.

На почеток