Свет

Масовен балистички напад на Киев, станбени згради горат во метрополата: „Вака Владимир Путин сака да ја заврши војната!“

Во раните утрински часови, руската војска извршила ракетен напад врз Киев, објавија украинските власти, а пренесува Ројтерс.

„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, објави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало во нападот, а избувнале и неколку пожари во станбени и нестанбени згради. Меѓу повредените има и деветгодишно дете.

Во раните утрински часови во средата, руската војска извршила ракетен напад врз Киев, објавија украинските власти, а пренесува Ројтерс.

Лицето кое загина е убиено во областа Оболонски, објави на Телеграм, Државната служба за вонредни состојби (СЕС) на Украина. СЕС додаде дека уште едно лице е повредено во областа и дека се уништени две деловни згради – од кои едната се запалила.

Предупредувањето за воздушен напад се појави само на самиот почеток на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го открие нападот со радар. Сè уште не е официјално познато кои проектили употребила руската војска во оваа прилика.

На почеток