(Видео) Албанскиот премиер удри со тупаница на маса за време на преносот во живо и пцуеше


Албанскиот премиер Еди Рама во еден момент ги загуби нервите за време на директниот пренос на неговиот говор на социјалните мрежи вчера и почна да удира по масата. Снимката брзо стана вирална.
За време на преносот, Рама го коментираше апсењето на неговиот близок соработник, градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај.
„Тој беше отстранет од функцијата без судење, затворен во ќелија, а Тирана остана без лидер“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана вчера беше приведен од полицијата врз основа на истрагата што против него беше покрената минатата година. Тој е осомничен за корупција, поточно за кривично дело „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“.
Рама во еден момент се фати за глава, ја тресна со раката на масата и ја покри камерата со прстите. Неколку пати се слушна како пцуе.
Рама потоа повторно се приклучи на емисијата во живо.
„Многу ми е драго што тој момент остана на Инстаграм затоа што тоа е момент кој ги дели оние кои се тука со душа, оние кои се тука со своето срце, оние кои се тука исто толку колку и оние тренери на белата линија кои го бодрат тимот, кои се борат за тимот, кои се удираат со тупаници во глава кога тимот не постигнува гол…
