Македонија

Кој е уапсениот од бандата на Штекли: Дарко Кнеле бил во автомобилот со кокаин

Дарко Голубовски-Кнеле е еден од уаспените со над 4 килограми кокаин во Скопје. Станува збор за лик кој себеси се претставува како лик од подземјето, со бурен живот, за на крај да заврши со вештачко срце. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, објави дека станува збор за лик кој е дел од групата на уапсениот Раде Трајковски-Штекли.

„Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда“, напиша Јанев.

Во поткастот кај јутуберот „Лазаров“ зборуваше и за Раде Штекли.

„Пријател сум со Раде Штекли. Тој ми е другар, комшија. Неговата мајка, Бог да ја прости, почина во Милано, а учеше со татко ми. Тој е од Керамидница. Не знам што да му кажам за Раде Штекли, кој број патики носи? 43-44“, рече Голубовски-Кнеле.

Тој раскажа дека не се му здосадил бурниот живот и покрај здравствените проблемите.

„И ден денес уживам, кај и да влеза позитивна ми е енергијата“, додаде Голубовски-Кнеле.

Неофицијално, на Кнеле, поради здравствените проблеми, му е одреден куќен притвор.

На почеток